Во квалификациите за ЕП 2018

Ракометарките во група со Шведска и Србија

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во третата квалификациска група за пласман на ЕП 2018 во Франција, а противници ќе и бидат Шведска, Србија и победникот од претквалификациската група А во која се Финска, Фарски Острови и Грција.

Со репрезентацијата на Шведска, македонските ракометарки ќе играат во баражот за СП 2017 во Германија.

Со ждрепката што се одржа денеска во Париз, 28 репрезентации беа поделени во седумте квалификациски групи со по четири селекции. Пласман на ЕП 2018 обезбедуваа првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.

Првите две кола од квалификациите се на 27 септември и 1 октомври, втората фаза (3 и 4.коло) е на 21 и 25 март 2018, а завршните две кола ќе се одиграат на 30 мај и на 3 јуни 2018.

ЕП во Франција ќе се одржи од 30 ноември до 16 декември во Нанси, Нант, Монпелје, Брест и Париз.

фото: Екипа.мк

Најнови вести

Коментари