Тони Надал

Рафа ќе го стигне Федерер по бројот на грен слем титули

Тренерот и чичко на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Тони верува во својот внук, и вели дека првиот светски рекет за брзо време ќе го стигне Роже Федерер, по бројот на грен слем титули.

-Ќе ги стигнеме 19. титули на Федерер, сигурен сум во тоа. Остана да се освои уште некој Ролан Гарос, но знаеме дека ќе биде тешко, вели Тони Надал.

Кога станува збор за двајцата тенисери, Надал и Федерер се како мотив еден за друг. Кога едниот ќе освои некој грен слем во една сезона, другиот веднаш возвраќа. Така е и оваа сезона кога Швајцарецот стигна до титулите на Австралијан опен и Вимблдон, а светскиот рекет број 1 возврати со Ролан Гарос и САД Опен.

Федерер е прв на листата со 19 грен слем титули, Надал има 16, а потоа следат Пит Сампрас со 14 и Новак Ѓоковиќ со 12 титули.

Поврзани

Најнови вести

Коментари