Куп на Македонија (1/4 финале)

Работнички подобар од Куманово

Најтрофејниот кошаркарски колектив, Работнички, се пласираше во полуфиналето во домашниот куп, откако во салата „Јасмин“ во Кавадарци славеше над екипата на Куманово со 87:81

Тимот од Гратски Парк го започна фуриозно дерби дуелот од 1/4 финалната фаза во кошаркарскиот куп на Македонија и по првите десет минути имаше водство од 24:13, кое успеа да го задржи до крајот на натпреварот. 

Со оваа победа „романтичарите“ им вратија со иста мера за минатогодишниот пораз во 1/4 финалето во ова натпреварување. 

Најефикасен во победничкиот тим беше Ненад Мишановиќ со 23 поени, додека на спротивната страна Димитар Караџовски постигна 19 коша. 

Работнички во полуфиналето ќе ги одмери силите со екипата на Карпош соколи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари