Работи вредни 400.000 долари однесени од куќата на Венус Вилијамс

Непознати сторители ја ограбиле куќата на познатата американска тенисерка Венус Вилијамс на Флорида и успеале да однесат работи вредни 400.000 долари, соопшти полицијата.

Грабежот, според полицијата, се случил помеѓу 1 и 5 септември додека Венус играла на Отвореното првенство на САД.

Полицијата не соопшти што е украдено од куќата и дали има уапсени.

Информацијата за грабежот најпрвин ја објавија медиумите, а потоа ја потврди полицијата.

Ова е вторпат во последните пет месеци медиумите први да објават информации поврзани со Венус Вилијамс, а потоа истите да бидат потврдени од полицијата.

Венус во јуни годинава учествувала во сообраќајна несреќа по која почина еден човек.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари