ОЧАЕН СТАРТ НА ЧЕЛЗИ ВО НОВАТА СЕЗОНА

Прво па машко за Барнли

Иако најавија сигурен триумф, избраниците на Јирген Клоп одиграа очајно во дефанзивата и на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод (3:3) на гостувањето во Ватфорд

И во следните неколку дена, главна тема во сите фудбалските медиуми ќе бидат првите натпревари од новата сезона во англиската Премиер лига.

Поточно, на дневен ред ќе биде очајниот старт на бранителот на тронот, тимот на Челзи, кој иако играше на "Стемфорд Бриџ#, на крајот доживеа минимален пораз од 3:2 во дуелот против екипата на Барнли.
Проблемите за предводникот на лондонските "сини", Антонио Конте, започнаа веќе во 14 минута, кога поради еден непотребно груб страт, директен црвен картон заработи централниот дефанзивец Гери Кејхил.

До крајот на првото полувреме, четата на италијанскиот стручњак прими три погодока, а во 81 минута, втор жолт картон заработи шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас. Претходно, деби погодок во Премиер лигата постигна најскапата клупска аквизиција, Алваро Мората, а во финишот од натпреварот во листата на стрелци се запиша и бразилскиот интернационалец Давид Луиз.

Не сакам да барам алиби за поразот. Но, очигледно дека некои судиски одлуки влијаеја на текот на натпреварот. Не посакувавме ваков лош старт, но сега треба да ги засукаме ракавите и да се вратиме на работа. Има доволно време да се поправат работите, а Челзи ќе стори се за да ја одбрани титулата. Знам дека имаме повредени фудбалери и дека во моментов имаме кус ростер, но клубот работи на тоа, најдобро што може, изјави Антонио Конте.

И фудбалерите на Ливерпул не смеат да бидат задоволни од стартот во новата сезона. Иако најавија сигурен триумф, избраниците на Јирген Клоп одиграа очајно во дефанзивата и на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод (3:3) на гостувањето во Ватфорд.

Гигантот од "Енфилд" беше на чекор од посакуваната победа, но домаќинот постигна израмнувачки погодок во 94 минута.

Од сите фаворити, најдобро помина Манчестер Сити кој сосема заслужено со 2:0 го победи новајлијата во елитното друштво, екипата на Брајтон. Првиот погодок беше дело на аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро, а само неколку минути подоцна, ефектен автогол постигна Луис Данк.

Поврзани

Најнови вести

Коментари