Џон Мекинро

Пробав се што прави Федерер, но не ми успеа...

Поранешниот американски тенисер Џон Мекинро, често предизвикува внимание со своите коментари за случувањата на тениската сцена, а тоа го направи и за време на Вимблдон каде беше стручен коментатор.

Мекинро на интересен начин го опиша успешниот камбек на Швајцарецот по подолгата пауза, потенцирајќи ги неговите квалитети.

– Не знам како е кога ве сака цел свет, но нему очигледно тоа му помага во тешките ситуации. Јас своевремено пробав се што тој прави сега. Сакав да бидам добар сопруг и не успеав, посебно во првиот брак. Сакав да бидам добар татко и тоа е ситуација за која може да се дебатира. Потоа решив да паузирам шест месеци и никогаш повеќе не бев ист играч. Навистина неверојатно е она што го прави Рожер, се движи како пред десет години – изјави Мекинро.

Поврзани

Најнови вести

Коментари