ЕХФ

Познати имињата на допингуваните Русинки

Три ракометарки на Русија од Европското првенство до 19 години се привремено суспендирани откако беа позитивни на допинг тестот. Тие биле позитивени на Мелдониум, супстанца која е на забранетата листа на ВАДА од почетокот на 2017 година.

Тоа се ракометарките: Антонина Скоробогатенко, Марија Дувакина и Марија Дудина, кои со Русија го освоија второто место на Европското првенство во Словенија.

Според членот 10 од ЕХФ правилникот за анти-допинг доколку се утврди дека повеќе од двајца членови на тимот извршиле повреда на анти-допинг правилото за време на некое натпреварување, надлежното правно тело ќе побара соодветна санкција за федерацијата. Веќе е почната постапка против Ракометната федерација на Русија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари