Ако се пријавите сега ќе платите помалку

Почна пријавувањето за Скопскиот атлетски маратон во 2018 година

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја започнаа организацијата на една од најмасовните спортски настани во Македонија и пошироко. Датумот на одржувањето на маратонот е 6. мај 2018 година, а од денеска и официјално започна пријавувањето на учесниците.

Секој кој ќе се пријави во првите 4 дена, до недела, 17.09.2017, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.

Како и секогаш, брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени воповеќе етапи, потоа цените ќе се зголемуваат при секоја нова етапа.

Од организацијата веќе започнаа со промоцијата на Виз Ер Скопскиот маратон со тоа што со веќе првата промоција ќе биде овој викенд на полумаратонот во Копенхаген. Имајќи ги во предвид бенефитите од секоја промоција од ваков тип Виз Ер Скопскиот маратон во следниот период ќе биде претставен и на маратоните во Љубљана и Истанбул.

Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.

Поврзани

Најнови вести

Коментари