ТАЖНА ВЕСТ

Почина поранешниот фудбалер на Тотенхем

Фудбалерот почина како резултат на инфарктот кој го преживеа вчера за време на тренингот со помладиот тим на Тотенхем до 23 години

Англија утрово се разбуди во голем шок откако со брзина на светлината се прошири веста за сметта на поранешниот репрезентативец на Англија Уго Ехиогу.

Фудбалерот почина како резултат на инфарктот кој го преживеа вчера за време на тренингот со помладиот тим на Тотенхем до 23 години.

Тој веднаш бил пренесен во една лондонска болница, но докторите не успеале да го спасат неговиот живот, поради последица на јакиот срцев удар.

Фудбалерот имаше 44 години, а ќе биде запаметен како силен дефанзивец кој за англиската репрезентација одигра четири меча, а во клупската кариера настапуваше за Вест Бромвич Албион, Астон Вила, Мидлсброу, Лидс Јунајтед, Глазгив Ренџерс и Шефилд Јунајтед.

Поврзани

Најнови вести

Коментари