Интер не се откажува

Побогата понуда за Берарди

Во следните неколку дена челниците на "нероазурите" ќе испратат нова официјална понуда за репрезентативецот на Италија која нема да биде помала од 25 мил. евра

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер повторно ќе се обидат да ги осигураат услугите на одличниот играч за врска од редовите на Сасуоло, Доменико Берарди.

Во следните неколку дена челниците на "нероазурите" ќе испратат нова официјална понуда за репрезентативецот на Италија која нема да биде помала од 25 мил. евра.

Освен Интер, офанзивниот играч за врска важи за голема желба и на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Поврзани

Најнови вести

Коментари