НЕМА ЛАБАВО СО ФИФА

Плукни 30.000 франци ако сакаш да викаш УЧК и Голема Албанија

Албанија е казнета со 30.000 франци, но доби и дополнително предупредување поради албанскиот национализам, политичкото скандирање и користење на пиротехнички средства за време на квалификацискиот дуел против селекцијата на Македонија кој се одигра во Струмица и кој заврши без победник (1:1)

Светската фудбалска организација (ФИФА) ја казни Фудбалската федереција на Албанија поради националистичко и политичко скандирање на албанските фанови за време на квалификацискиот дуел против репрезентацијата на Македонија.

Албанија е казнета со 30.000 франци, но доби и дополнително предупредување поради албанскиот национализам, политичкото скандирање и користење на пиротехнички средства за време на квалификацискиот дуел против селекцијата на Македонија кој се одигра во Струмица и кој заврши без победник (1:1).

На тој натпревар имаше околу 300 навивачи од Албанија кои во текот на целиот натпревар се однесуваа недолично и постојано скандираа "УЧК, Голема Албанија, Илирида", а поради користење на пиротехнички средства, второто полувреме започна подоцна од предвиденото.

ФИФА со 5.000 франци ја казни и Фудбалската федерација на Македонија, која исто така доби дополнително предупредување. Дисциплинската комисија при ФИФА само ја предупреди Фудбалската федерација на Израел, затоа што за време на квалификацискиот дуел против селекцијата на Македонија, биле фрлени на зелениот терен неколку тврди предмети.

Поврзани

Најнови вести

Коментари