Фудбалерот на Интер во дилема

Плејбој – зајачица му испрати порака на Перишиќ

Плејбој – зајачицата Април Самерс е страствена навивачка на калчолигашот Интер, а тоа често го покажува и на социјалните мрежи.

"Нероаѕурите" минатиот викенд ја забележаа и третата победа во Серија А, откако славеа на "Џузепе Меаца" против новајлијата Спал со 2:0. По победата на Интер, сексапилната Самерс на својот "Инстаграм" профил објави провокативни фотографии за стрелците на двата погодока, Аргентинецот Мауро Икарди и Хрватот Иван Перишиќ.

Таа неодамна му испрати неодолива порака на "Твитер" на хрватскиот фудбалер, откако тој ја продолжи соработката со клубот од Милано.

Сакам да прославам. Перишиќ останува во Интер. Среќна сум што и понатаму ќе ги следам неговите маестрални потези од трибините! Ти благодарам Спалети, напиша Aприл на социјалните мрежи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари