Евролига

Перо Антиќ против Олимпијакос ќе ја брка својата трета титула

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ, заедно со својот тим Фенербахче се пласираa во финалето во Евролига, откако беa подобарi во полуфиналната пресметка против Реал Мадрид со 84:75

Со оваа победа турскиот гиган в недела ќе има шанса за прв пат во клупската историја да го подигне најдрагоцениот пехар од елитното натпреварување.  

„Црно - жолтите“ од почеток до крај ја имаа резултатската контрола и сосема заслужено се најдоа во финалето во кое в недела ќе ги одмерат силите со грчки Олимпијакос. 

Ова е второ финале во низа за турскиот тим, откако минатата година беа поразени од ЦСКА (М), која денеска загуби од Олимпијакос, па имаат втора шанса за поправе сезонава.

Инаку, македонкиот интернационалец во сезоните 2011/12 и 2012/13 ги освои титулите во Евролигата, и тоа токму со екипата на Олимпијакос.

Антик на овој натпревар не доби шанса од својот тренер, трофејниот Жељко Обрадовиќ, додека најефикасен во победничкиот тим беше Екпе Удох со 18 поени, додека на спротивната страна Серхио Љуљ постигна 28 коша.

Поврзани

Најнови вести

Коментари