МАКЕДОНЕЦОТ ПОВТОРНО Е ТЕМА НА ДИСКУСИЈА

Пандев се најде во друштво на Роналдо, Неимар, Бекам...

До таков заклучок дојде и познатиот портал "Sportbible", кој неколку дена подоцна направи листа од играчи со најлоши фризури во фудбалската историја

Капитенот на репрезентација на Македонија, Горан Пандев повторно е тема на дискусија во фудбалските медиуми, но не поради настапите во дресот на италијанскиот калчолигаш Џенова, туку поради неговата фризура.

Пред две недели, Пандев се најде во центарот на фудбалското внимание, откако беше заменет за време на првенствениот дуел против екипата на Удинезе.

Неколку минути подоцна, на социјалните мрежи беше постирана слика од фризурата на македонскиот интернационалец, а поголемиот дел од порталите, на кои се коментираат и постираат најинтересните, најнеобичните моменти од фудбалските натпревари, дојдоа до заклучок дека Пандев има "п*нис на главата".

До таков заклучок дојде и познатиот портал "Sportbible", кој неколку дена подоцна направи листа од играчи со најлоши фризури во фудбалската историја.

Освен капитенот на нашиот национален тим, во списокот се најдоа и Џо Кол, Тарибо Вест, Џовани Симеоне, Џибрил Сисе, Роналдо, Дејвид Бекам, Вагнер Лов, Неимар.....

Поврзани

Најнови вести

Коментари