Според ЦИЕС

Овие клубови ќе бидат шампиони во најсилните пет фудбалски лиги

ЦИЕС опсерваторијата направи интересна статија во која предвидуваат како ќе се одвива ситуацијата во најсилните лиги на светот.

Најпопуларната опсерваторија која се занимава со статистика во фудбалот направи прогноза за исходот во најсилните пет првенства во Европа.

ЦИЕС опсерваторијата се занимава со анализа на фудбалските екипи и фудбалери, а нивните статистички детали се анализирани на најстручен начин.

Сега објавија интересна статија во која предвидуваат како ќе се одвива ситуацијата во најсилните лиги на светот.

Според нивните предвидувања, Премиер лигата ќе биде исклучително интересна, а таму ќе триумфира Челзи. Во топ 4 ќе бидат уште Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал. Тотенхем ќе заврши на петтата позиција, а Манчестер Јунајтед дури на шестото место. Според нивното предвидување, Челзи ќе ја освои титулата со пет бодови предност во однос на Ливерпул.

Во Примера Реал Мадрид без проблеми ќе ја задржи својата предност, на крајот ќе има пет бода повеќе од Барселона. Севиља ќе заврши на третата позиција, додека Атлетико Мадрид како четвртопласиран.

Серија А и не е толку интересна во последните неколку години кога станува збор за титулата, но оваа сезона ќе биде нешто поинтересно, сметаат во ЦИЕС.

Јувентус ќе биде шампион, но со далеку помала разлика од претходно, само четири бода повеќе ќе имаат во однос на Рома, додека на третата позиција ќе биде Наполи. Како четвртопласиран ќе заврши Лацио.

Лајпциг ќе остане високо котиран во Бундеслигата, но нема да биде пред Баерн Минхен кој ќе заврши прв. Лајпциг ќе биде втор, Дортмунд трет, а четврти ќе биде Франкфурт, верувале или не.

За крај, во Лига 1 изненадување. Монако ќе биде шампион, ПСЖ ќе биде втор, а Ница ќе заврши на третото место.

Поврзани

Најнови вести

Коментари