Раул Гозалез

Ова беше тешко остварена победа

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалез, изрази задоволство од победата во 2. коло од Лигата на шампионите против францускиот вицешампион Нант со 27:23.

Нант играше многу брз ракомет, мислам дека натпреварот долго врем беше во егал. Но, ние одигрвме многу добар натпревар, со исклучок на првите 20 минути. Нашата одбрана функционираше како што треба во текот на целиот натпревар. Во второт полувреме исто така бевме на висина на задачата, одигравме одлично во финишот, направивме четири разлика и победивме. Задоволен сум од играта и остварената победа, бидејќи Нант игра во лига во која се уште големите гиганти ПСЖ и Монпелје. Сепак, ќе нагласам дека ова беше тешко остварена победа, изјави Гонзалез

Еден од најефикасните во тимот беше Тимур Дибиров, кој по натпреврот со Нант изјави:

Му честитам на Нант за коректниот натпревар, малку бевме нервозни на теренот, бидејќи играа два тима кои немаат пораз сезонава. Но, добро е кога победуваш и кога не играш добар ракомет. На таков начин победуваат само големи екипи. Но, имаме долга клупа и мислам дека тоа беше клучот за нашата победа. Но, Нант е добар тим и мислам дека ќе прикаже одлична игра во текот на сезоната, вели Тимур Дибиров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари