ВАЛЕНСИЈА ГО НАПРАВИ НАЈВАЖНИОТ ПОТЕГ

Откупен договорот на Кондогбија

Откако се пресели во Шпанија, францускиот интернационалец ги прикажува игрите кои беа негов заштитен знак додека го носеше дресот на Монако

Иако одигра само пет натпревари во дресот на Валенсија, раководните лица на шпанскиот прволигаш решија веднаш да го откупат договорот на францускиот интернационалец Џефри Кондогбија.

Одличниот играч за врска е во сопственост на италијанскиот калчогигант Интер, а од продажбата на поранешниот фудбалер на Монако, кој моментално настапува како позајмен на "Местаља", Интер очекува заработувачка од 28 мил. евра.

Откако се пресели во Шпанија, францускиот интернационалец ги прикажува игрите кои беа негов заштитен знак додека го носеше дресот на Монако.

Поврзани

Најнови вести

Коментари