Евролига

Олимпијакос се пласираше во големото финале, ЦСКА (М) на колена

Кошаркарите на Олимпијакос се првите финалисти на Ф4 турнирот во Евролигата, откако во полуфиналниот дуел беа подобри од актуелниот шампион ЦСКА од Москва со 82:78

Рускиот тим ја имаше фаворитската улога во овој дуел, но сепак мотивираниот противник успеа да го сопрат налетот на ЦСКА (М). „Армејците" имаа и двоцифрена предност во последната четвртина, сепак, Олимпијакос со неверојатен финиш направи целосен пресврт и во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Фенербахче и Реал Мадрид.

Првата четвртина ЦСКА Москва ја доби со 18:12, а на полувреме замина со седум поени предност (40:33). Во третиот период, рускиот тим имаше уште поголема предност (64:54), но тогаш почна пресвртот на Олимпијакос. Со првата тројка на Спанулис, што ја постигна дури во неговиот шести обид, грчкиот тим првоат дојде во водство. Беше неизвесно до самиот финиш, а речиси во последниот напад, Теодосиќ, кој претходно беше најдобар поединец во рускиот тим, непромислено се одлучи за шут за три поени, иако Олимпијакос имаше само два поени предност (79:77). На крајот, грчкиот тим направи изненадување и го елиминира шампионот ЦСКА Москва.

Најефикасен во победничкиот тим беше Милош Теодосиќ со 23 поени, додека на спротивната страна Спанулис, Принтезис и Папаниколау постигнаа по 14 поени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари