МИЛЕВСКИ Е МАКСИМАЛНО РАЗОЧАРАН ПО ПОРАЗОТ ОД ГИБРАЛТАР

Одговорноста е моја!

Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе, изјави Благоја Милевски за официјалниот сајт на ФФМ

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по поразот од Гибралтар истакнува дека одговорноста за резултатот е негова, а упати и извинување до целокупната спортска јавност за неочекуваниот пораз во квалификациите за ЕП во Италија.

Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по поразот и најтешкиот момент. Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во неиграњето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористените шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа. Најважно сега за оваа репрезентација е да бидеме сплотени, заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе, изјави Благоја Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари