Кирил Лазаров искрено во интрвју за шпанскиот „Диарио Ас"

Од Барселона не си зминувам поради пари, туку поради договорот што ми го понудија

Не си заминувам од Барселона поради економска причина, туку поради траењето на договорот што ми беше понуден. Иако имав други опции, понудата на Нант беше најдобра.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во интервју за шпанскиот весник „Диарио Ас" говореше за актуелните теми поврзани со неговиот клуб, репрезентацијата и приватниот живот. Тој откри и зошто ги менува лигите и никаде не се задржал повеќе од пет сезони.

-Се сметам себе си за светски патник и пет години на едно место е доволно време и имаш потреба да менуваш. Ако немаш мотивација да останеш на едно место, колку и да сте добри, не вреди ништо, вели Лазаров.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги образложи и причините за неговиот следен избор и преминот во Нант, на крајот од сезоната.

-Не си заминувам од Барселона поради економска причина, туку поради траењето на договорот што ми беше понуден. Иако имав други опции, понудата на Нант беше најдобра. Потпишав договор на две сезони со опција за трета за клуб кој напредува, кој игра во Лигата на шампионите, кој го победи ПСЖ и има амбиции за игра во силните квалитативни групи во ЛШ и има неверојатна публика, додаде Кире.

Лазаров иако има 36 – години се уште има зацртани цели за остварување во клубот и репрезентацијата.

-Сакам пак да ја осовјам Лигата на шампионите со Барселона и да играм на Олимписките игри со Македонија. Двапати стигнавме до квалификациите, но не успеавме. Да се пласираме во 2020 година во Токио ќе биде многу тешко, но ќе одиме чекор по чекор, година по година. Дај Боже да ги избегнам повредите и да го задржам моето ниво. Ќе биде како сон кој станува стварност, заврши Лазаров.

Тој со Барселона в недела му гостува на Кил во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, додека реваншот е шест дена подоцна во „Палау Блауграна".

Најнови вести

Коментари