Клубовите се уште немаат доволно пари за нив

Обамејанг, Мбапе и Мората се вистинско богатство на трансфер пазарот

Во моментов според актуелните понуди и шпекулации пет имиња се меѓу атрактивните фудбалери кои се предмет на големо внимание на трансфер пазарот

Измина и втората недела од летниот преоден рок, а клубовите се прилично активни, но најдоброто допрва доаѓа. Во моментов според актуелните понуди и шпекулации пет имиња се меѓу атрактивните фудбалери кои се предмет на големо внимание на трансфер пазарот.

Пјер Емерик Обамејанг - Тој сака да ја напушти Борусија од Дортмунд, а неговата откупна цена се движи меѓу 60 и 70 милиони фунти. Амбициозниот Милан е најблиску до неговиот потпис, иако Јирген Клоп посакува токму ваков напаѓач во своите редови, па и Ливерпул е меѓу загреантите.

Килијан Мбапе - Флорентино Перез му го има фрелено око на младиот фудбалер на Монако и се чини е подготвен да се откаже од најголемите ѕвезди за услугите на овој играч. Претходно Арсенал и Ливерпул покажаа интерес, но по доаѓањето на Лаказет на „Емирати", „топчиите" веќе не се опција. Доколку Реал (М) не приреди изненадување ова лето со носењето на Мбапе на Сантијаго Бернабе, многу е веројатно дека тој останува и следната сезона во редовите на Монако.

Алваро Мората - Се зборува дека Ромелу Лукаку буквално му го "украде" трансферот на Мората во Манчестер Јунајтед, па сето тоа медиумите го зачинија со сеирот дека тој попусто ја обоил коста црвена кога и таков не му се допаднал на менаџерот Жозе Мурињо. Како и да е, неговите шанси за трансфер во Англија се уште се отворени, бидејќи Антонио Конте го мерка 24-годишниот играч кој ако го облече дресот на Челси ќе треба да ја смени бојата на косата.

Андреа Белоти - Доколку Реал (М) и Челзи не се договорат за Мората, Белоти од Торино е опција за лондонските сини. Овде проблем би можела да биде високата откупна клаузула, па затоа и Милан, кој беше во игра, се пренасочи кон други фудбалери.

Наби Кеита - Можеби тој е причината што Ливерпул е скромен досега со засилувањата бидејќи го чекаат токму него. Првата понуда од 57 милиони неговиот клуб Лајпциг експресно ја одби, тврдејќи дека Кеита не е на продажба. Клоп веќе има визија како сака да му изгледа средниот ред, па тешко дека ќе се откаже од 22-годишниот фудбалер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари