БАРСЕЛОНА НЕ ПОПУШТА

Нова понуда за Сери

Челниците на каталонскиот гигант се убедени дека францускиот интернационалец ќе биде идеален наследник на легендарниот Андрес Иниеста

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде и за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на францускиот прволигаш Ница, Жан Мишел Сери.

Според последните информации кои пристигнуваат од "Ноу Камп", веднаш на почетокот од зимскиот преоден рок, Барса ќе испрати официјална понуда за одличниот играч за врска која нема да биде помала од 40 мил. евра.

Челниците на каталонскиот гигант се убедени дека францускиот интернационалец ќе биде идеален наследник на легендарниот Андрес Иниеста.

Поврзани

Најнови вести

Коментари