Куп на Шпанија

Нова магија од Лионел Меси

Последниот погодок на натпреварот беше дело на аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси, кој на совршен начин го изведе слободниот удар

Фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона обезбедија поласман во 1/4 финалната рунда од Купот на Шпанија откако во реванш 1/8 финалниот со 3:1 (вкупно 4:3), го победија тимот на Атлетик (Б).

Домаќинот дојде до убедливо водство со погодоците на Луис Суарез и на Неимар, но гостинот намали преку Енрик Саборит.

Последниот погодок на натпреварот беше дело на аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси, кој на совршен начин го изведе слободниот удар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари