Сергеј Андреев

Никола Груевски ме избрка од ФК Вардар!

Искусниот стручњак тврди дека од клупата на Вардар не го сменил сопственикот на "црвено-црните", Сергеј Самсоненко, туку бил сменет под притисок на тогашниот Премиер на Македонија, Никола Груевски

Спортскиот портал "ЕКИПА", објави дел од интервјуто кое поранешниот тренер на ФК Вардар, Сергеј Андреев, го дал за руски "МатчТв".

Искусниот стручњак тврди дека од клупата на Вардар не го сменил сопственикот на "црвено-црните", Сергеј Самсоненко, туку бил сменет под притисок на тогашниот Премиер на Македонија, Никола Груевски.

Не мислам дека ќе останев и ако го миневме АПОЕЛ во ЛШ. Никој не ја знае вистината, па дури и јас не знам 100% од тоа. Но, два дена по дуелите имавме средба со сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко. Тој, исто така е од Ростов. Седнавме на кафе и ме праша: 'Василич, што ќе правиме?'. Во принцип, ние веднаш се разбравме еден со друг. Сергеј ми рече дека е под притисок и го насочи прстот нагоре. Се прекрстив и реков: 'Дали е тој навистина?'. 'Не" – ми рече тој. 'Малку подолу. Премиерот. Во принцип, не знам како се случи ова, ви го кажувам само тоа што ми го кажа сопственикот на клубот. Му се заблагодарив на Сергеј, немаше прашања, сите пари ми беа исплатени. Се уште сме во добри односи со него – се слушаме на секои три до четири месеци, кога повремено доаѓа во Ростов, вели Андреев во интервјуто за „МатчТв".

Најнови вести

Коментари