ЏАНЛУИЏИ ДОНАРУМА

Никогаш во Интер или Јувентус

Сепак на крајот тој остана кај „росонерите" и го продолжи договорот, а неодамна во едно интервју добил прашање за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата во иднина

Најталентираниот италијански голман, Џанлуиџи Донаруми, летово мина низ тежок период откако одби да потпише нов договор со Милан и објави дека ќе го напушти клубот. Сепак на крајот тој остана кај „росонерите" и го продолжи договорот, а неодамна во едно интервју добил прашање за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата во иднина.

Останав зошто Милан е мојот дом и мислам дека тоа е исправна работа, – рече Џиџо кој одговори и за тоа дали некогаш би се преселил во Интер.

Никогаш, – со тоа што веднаш потоа бил споменат и Јувентус.

Не, следната сезона ќе бидам во Милан, имам уште четири години од договорот – порачал репрезентативецот на Италија.

Најнови вести

Коментари