ПСЖ НЕМА ДА ЖАЛИ ПАРИ

Неморална понуда за Асенсио

Сепак, шпанските медиуми се убедени дека младиот напаѓач нема да ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок

Вицешампионот на Франција, тимот на ПСЖ, подготвува рекордна понуда за услугите на младиот напаѓач од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Марко Асенсио.

Француските медиуми открија дека до крајот на летниот преоден рок, популарните "светци" ќе испратат официјална понуда за младинскиот репрезентативец на Шпанија не помала од 150 мил. евра.

Сепак, шпанските медиуми се убедени дека младиот напаѓач нема да ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари