Енди Мареј сака да му се одмазди на Ѓоковиќ

Немам ментални проблеми пред Австралија опен

Не чувствувам дека имам ментални проблеми пред турнирот во Малбурн. Се што се случи во изминатиот период го оставив зад себе. На овој турнир ќе дадам се од себе за да го освојам трофејот и да ја зголем предноста пред Ѓоковиќ, изјави првиот светски рекет

Првиот светски рекет, Британецот Енди Мареј, изјави дека не чувствува никаков притисок пред почетокот на првиот грен слем турнир Австралија опен, иако бил губитник во пет финални дуели.

Мареј има дури четри порази од моментално најголемиот ривал, Србинот Новак Ѓоковиќ, од кого загуби и во првиот финален дуел во 2017 година, кој беше одигран на турнирот во Доха.

Не чувствувам дека имам ментални проблеми пред турнирот во Малбурн. Се што се случи во изминатиот период го оставив зад себе. На овој турнир ќе дадам се од себе за да го освојам трофејот и да ја зголем предноста пред Ѓоковиќ. Нема да бидам самокритичен ако не дојдам до титулата, но во секој случај морам да го дадам максимумот, изјави Мареј за британскиот "Тајмс".

Енди имаше голем успех во изминатата сезона, освојувајќи го првото место на АТП листата за првпат во кариерата. Тој во 2016 година триумфираше на Вимблдон и ја одбрани титулата на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а неодамна изјави дека размислува да го прифати орденот за витез на Велика Британија.

Зборував со неколку блиски луѓе. Млад сум и ова е голема чест за мене што ми понудија да бидам витез на мојата земја, но пред се и голема одговорност. Се уште сум во натпреварувачка форма и не сакам нешто друго да ми го одвлекува вниманието, вели Британецот.

Машкиот дел на Австралија Опен стартува на 16 јануари, а финалниот дуел ќе биде одигран на 29 јануари. Бранител на тронот е српскиот тенисер, Новаќ Ѓоковиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари