Вардар ја забележа втората победа во Лигата на шампиони

Нема шега со европскиот шампион, Нант на Кире Лазаров изгоре во „Јане Сандански"

Македонскиот ракометен шампион Вардар, ја забележа и втората победа во А – групата од Лигата на шампионите. Избранците на тренерот Раул Гонзалез во 2. коло на домашен терен во СЦ „Јане Сандански" го совлада францускиот вицешампион Нант, за кого настапува најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со 27:23

На стартот од натпреварот двете екипи покажаа цврстина во одбранат, а на висина на задачата беа голманите на двете екипи, на голот на македонскиот шампион маестрален беше Арпад Штербик (кој нанижа осум одбрани во првите 30 минути), а на спртивната страна Сирил Демули пет пати го спаси сопствениот гол.

Но, неизвесноста и изедначеноста траеше до дваесетата минута од натпреварот - 7:7. Потоа „црвено – црните" заиграа многу подобро во нападот, а 5:1 одбраната вроди со плод. Направија серија од 4:1 и поведоа со 11:8, на минута до крајот на првото полувреме ја имаа и најголемата предност од пет гола 14:9, меѓутоа на одморот заминаа со позитива од четири гола 14:10.

Високата преднос од четири – пет гола Вардар ја одржуваше до 38. минута од натпреварот, но за две минути Нант, успеа да направи серија од 4:0 и да се доближи на еден негатива - 19:18, што го вклчи црвениот аларм на клупата, по што Гонзалез побара минута одмор за да ги советува своите ракометари. Советите вродија со плод, бидејќи во 47. минута „црвено црните" повторно имаа предност од четири гола 23:19. Меѓутоа и ова не беше доволно за мирна завршница, Французите не се предаваа и ја одржуваа негативата на еден – до два гола.

Во последните пет минути од мечот се играше како по жица, но Врдр успеа да ја одбрани предноста и да ја запише и вторат победа во елитното натпреварувње.

Најефикасен во македонскиот тим беше Рожерио Мораеш со 6 гола, Кристопанс постигна 5, а Чупиќ и Дибиров по четири пати ја затресоа противничката мрежа. На спротивната страна дури тројца ракометари имаа по четири погодоци: Ниокас, Гурбиндо и Балагер.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и маше мала минутажа, не се запиша во листата на стрелците и промаши еден седмерец.

Фото: Д. Митрески

Поврзани

Најнови вести

Коментари