И Хрватката Мирјана Лучиќ против Русинката

Нема разлика меѓу Армстронг и Шарапова, двајцата се измамници

Парите и се околу нив говорат за себе. Можеби требало да му се даде покана и на Ленс Армстронг. Тој неколкупати ја освои велосипедската трка Тур де Франс. Каква е разликата меѓу него и Шарапова? Нема разлика, двајцата се измамници, остра беше Хрватката

Поранешниот женски светски тениски рекет број еден Русинката Марија Шарапова, не доби вајлд-карта од организаторите на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, а тоа го подели тенискиот свет, што воедно би можело да влијае и на одлуката на организаторите на најпрестижниот грен слем турнир Вимблдон, кои се уште немаат одлучено дали ќе и доделат покана за настап на Русинката.

Од една страна Шарапова ја отслужи својата суспензија затоа што земаше мелдониум, кој долго не беше на листата на забранети лекови, ја призна грешката и си ја одлежа казната.

Таа на турнирот во Рим, за каде доби покана играше против Хрватката Мирјана Лучиќ Барони и го предаде мечот заради повреда, а потоа ја искоментира ситуацијата на Русинката.

-Треба да се биде критичен кон неа. Секој што не користи допинг се противи против ова, тоа е нормално. Не се замарам со тие работи, бидејќи знам како функционира светот и ова со Шарапова е најдобар доказ, изјави Барони и додаде:

-Парите и се околу нив говорат за себе. Можеби требало да му се даде покана и на Ленс Армстронг. Тој неколку пати ја освои велосипедската трка Тур де Франс. Каква е разликата меѓу него и Шарапова? Според мене нема разлика, остра беше Хрватката.

Но, на оваа изјава на хрватската тенисерка, должна не остана ниту Русинката, која изјави:
-Никој нема да ме сопре да ги остварам своите соништа, а тие се многу. Знам дека одам по добар пат и тоа ме прави посилна, изјави Шарапова.

Руската тенисерка која моментно е на 211. место на ВТА листата, по враќањето на тениските терени доби специјална покана за настап на турнирите во Штутгарт, Мадрид и Рим, а веќе на нејзина адреса пристигна и вајлд-картата за настап на турнирот во Бирминген, кој се игра на трева.

Поврзани

Најнови вести

Коментари