ЖДРЕПКА ЗА ПОЛУФИНАЛНАТА РУНДА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

Нема нов финален дуел помеѓу Реал (М) и Атлетико (М)

Пласман во финалниот дуел, кој ќе биде одигран на 3. јуни во Кардиф, ќе обезбеди и подобриот од полуфиналната пресметка помеѓу италијанскиот калчо гигант Јувентус и францускиот преставник Монако

Пред една година беа дел од финалниот натпревар, а за неколку дена, градските ривали, Реал (М) и Атлетико (М), ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Ждрепката за следната елиминациска рунда им даде шанса на популарните "јорганџии" да му се реваншираат на "кралскиот клуб" за поразот во финалниот натпревар од 2014 година и за поразот во финалниот натпревар во 2016 година.

Кога се во прашање последните два натпревара кои беа одиграни во Примера дивизион, тој на "Винсенте Калдерон" заврши со убедлив триумф на Реал (М) од 3:0, а тој на "Сантијаго Бернабеу", заврши без победник (1:1).

Пласман во финалниот дуел, кој ќе биде одигран на 3. јуни во Кардиф, ќе обезбеди и подобриот од полуфиналната пресметка помеѓу италијанскиот калчо гигант Јувентус и францускиот преставник Монако.

Првите полуфинални натпревари ќе бидат одиграни на 2 и 3 мај, а реванш дуелите ќе бидат одиграни седум дена подоцна.

Најнови вести

Коментари