ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ

Нема да не залаже формата на Зенит

Јаневски истакна дека нема да ги залажува формата на Зенит кој на последните два натпревари, нема постигнато гол

На последната прес-конференција пред одигрувањето на првиот натпревар од групната фаза во Лига Европа, помеѓу екипите на Вардар и Зенит, предводникот на "црвено-црните" Чедомир Јаневски откри дека се направени сите анализи за противникот, и се надева дека тимот ќе се претстави во светло издание.

Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал. Затоа ние овие денови се подготвуваме да направиме добар резултат. На првиот натпревар играме со Зенит, тим за кој што после добивањето на групите, знаеме дека е фаворит. Се работи за добар колектив со добри индивидуални играчи кои имаат во своите редови многу домашни и интернационални играчи, пред се од Аргентина. Ги направивме сите анализи на последните два натпревари. Ние во една работна и одлична атмосфера се подготвуваме да се претставиме во добро светло пред многубројната публика и пред нашите навивачи „Комити" кои што ќе дојдат во голем број. Да одигаме еден добар, квалитетен натпревар и по крајот на средбата сите задоволни да го напуштиме стадионот, изјави Јаневски.

Јаневски истакна дека нема да ги залажува формата на Зенит кој на последните два натпревари, нема постигнато гол.

Зенит е добар тим, со многу индивидуални играчи. Вистина е дека на последните два меча не постигнаа гол, но тоа нас нема да не залаже. Сепак, нивните поединци можат да се разбудат што се вели на секој натпревар. Мораме да бидеме претпазливи од првата до 90-та минута. Нема да не залажат нивните два нерешени натпревари без голови, туку ние да ја играме нашата игра, и се надевам дека ќе ни донесе успешен резултат, додаде Јаневски.

ФОТО: Д.Митрески

Поврзани

Најнови вести

Коментари