Давитков се надева дека ќе имаме добра реализација против Естонија

Не сме фрлале кон Господ со камења

До сега премногу промашувавме на изминатите натпревари, но искрено верувам дека среќата на последниот меч ќе не посака, дека ќе имаме добра реализација на шутевите, па едноставно не сме фрлале кон Господ со камења. Се надевам дека ќе погледне Бог и кон нас и конечно ќе имаме далеку подобра реализација во Естонија, изјави Давитков.

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во третиот натпревар во претквалификациите за пласман на СП во 2019 година, откако во Вип Арената „Борис Трајковски" славеше над Косово со 87:74.

Избраниците на Јорданчо Давитков демонстрираа квалитет на паркетот, агресивната игра во одбраната, што не беше случај на минатите два натпревари, па го присили противникот на грешки кои знаевме да ги искористиме за таложење на предноста.

Ова беше психички тежок натпревар за нас. На почетокот противникот погаѓаше чудни шутеви, но во второто полувреме ние одигравме далеку подобра одбрана и погодивме неколку кошеви, што во минатите два натпревара едноставно промажувавме. Заслужено победивме, одевме на тоа да победиме минимум со пет поени , го постигнавме тоа и сега фокусот го насочуваме на следниот натпревар кој одлучува за тоа дали ќе се пласираме понатаму или не. Моите избраници одиграа одлично на овој меч, беа подготвени да ја анулираат негативата од дуелот во Косово, која ни дава можност за пласман во квалификациите, секако за тоа ќе одлучуваме во Естонија. И пред почетокот на натпреварот, на моите играчи им кажав дека овој меч го играме за нас, да покажеме дека сме подобри од противникот. Естонија е шутерска екипа, идентично играат во текот на сите 40 минути, постојано трчаар и се обидуваат од секоја позиција да погодат, но се надевам дека ние ќе ги спречиме во намерата и ќе ја победиме на гостински терен. До сега премногу промашувавме, на овој меч исто така имавме неколку топки кои едноставно не сакаа да влезат во обрачот, но искрено верувам дека среќата на последниот меч ќе не посака, дека ќе имаме добра реализација на шутевите, па едноставно не сме фрлале кон Господ со камења. Се надевам дека ќе погледне Бог и кон нас и конечно ќе имаме далеку подобра реализација во Естонија, изјави Давитков.

Најнови вести

Коментари