Кире Лазаров

Нант е голем предизвик за мене

Откако стана јасно дека ќе си замине од Барселона на крајот на сезонава, до најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров стигнаа бројни понуди. На крајот ја избра онаа на Нант, клубот кој беше и најконкретен во разговорите и успеа да го убеди најдобриот стрелец на последниот мундијал својата кариера да ја продолжи во Франција.

-Презадоволен сум што постигнавме договор за соработка со челниците на Нант. Ова е тим што се развива од година во година, амбициите се очигледни и јас со нетрпение очекувам да пристигнам во новата средина. Ќе имам можност да заиграм во една од најсилните лиги во светот, воедно и повторно да играм во Лигата на шампионите. Гледав неколку средби на Нант сезонава и навистина ми се допаѓа како игра оваа екипа. За мене ова е возбудлив нов предизвик во кариерата – е првата изјава на Лазаров по потписот на договорот со новиот клуб.

Поврзани

Најнови вести

Коментари