ЖЕРАР ПИКЕ ДОБИ ВОСПИТНА ОД ЛУИС ЕНРИКЕ

Најлесно е да се плаче и да се бара изговор

Сепак, шпанските медиуми се убедени дека централниот дефанзивец ќе добие суспензија од најмалку три натпревари

Сосема неочекувано, предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Луис Енрике, не застана во одбрана на својот фудбалер, Жерард Пике.

Репрезентативецот на Шпанија веќе неколку дена е во центарот на фудбалското внимание затоа што вината за лошите резултати ја лоцираше кај судиите, но Енрике потцети дека е најлесно да се плачи и да се бара изговор за неуспехот.

Неприфатливо е клуб како Барселона да се жали на судиите. Најлесно е да се "плаче# и да се бараат изговори. Ако се случуваат работи за кои сметате дека не се фер, постои начин на кој се реагира. Критиките кон судиите не се вистинскиот начин. Секој има право на свое мислење, но јас како тренер и луѓето од управата сме со ист став - да најдеме начин да реагираме и да излеземе од кризата. Се надевам дека Пике нема да биде казнет за своите изјави, изјави Енрике.

Сепак, шпанските медиуми се убедени дека централниот дефанзивец ќе добие суспензија од најмалку три натпревари.

Најнови вести

Коментари