НБА распоред

На стартот дерби пресметка помеѓу Голден Стејт и Хјустон

Два часа порано, односно на 18. октомври во 02:00 часот по локално време, ќе има реприза од минатогодишното финале од источната конференција, Кливленд го пречекува обновениот тим на Бостон селтикс

НБА го објави распоредот за првите натпревари во новата сезона, како и дерби натпреварите кои ќе се одиграат за време на католичките божиќни празници. Новата кампања започнува на 17. октомври, вторник, со два исклучително тешки натпревари.

Актуелниот шампион, екипата на Голден Стејт вориорс одбаната на титулата ја започнува на домашен терен. Во „Оракл" арената ќе го пречека тимот од Хјустон со новоформираната двојка – Крис Пол и Џејмс Харден, натпреварот е закажан за четири часот по полноќ

Два часа порано, односно на 18. октомври во 02:00 часот по локално време, ќе има реприза од минатогодишното финале од источната конференција, Кливленд го пречекува обновениот тим на Бостон селтикс.

Најнови вести

Коментари