СРЕЌА ШТО УТРЕ НЕ СТАРТУВА СП 2026

На Мундијалот ќе играат Куракаo и Хаити, но не и Македонија

Иако Мундијалот во 2026 година е многу далеку, од денешна гледна точка, интересно е да се види, кои репрезентации би избориле пласман на Светското првенство, доколку истото стартува утре

Во вторникот, Светската фудбалска организација (ФИФА), ја потврди револуционерната промена која се однесува на Мундијалот во 2026 година. Иако се уште не е познат домаќинот, ФИФА потврди дека право на учество ќе имаат дури 48 репрезенатации и дека ќе бидат одиграни рекордни 80 натпревари.

Националните тимови ќе бидат поделени во 16 групи со по три репрезентации, а секој тим ќе одигра два натпревари. Првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во 1/16 финалната рунда, а доколку натпреварот од групната фаза заврши нерешено, победникот ќе биде добиен благодарение на пенал рулетот.

На тој начин, ФИФА, сака да стави крај на сите калкулации кога е во прашање играњето на резултат, затоа што често пати на двете репрезентации им одговара дуелот да заврши без победник.

Иако, Мундијалот во 2026 година е многу далеку, од денешна гледна точка, интересно е да се види, кои репрезентации би избориле пласман на Светското првенство, доколку истото стартува утре.

Доколку се водиме според актуелниот пласман на ФИФА ранг-листата, пласман ќе обезбедат следните репрезентации: САД, Англија, Хрватска, Франција, Костарика, Панама, Нигерија, Сенегал, Словачка, ОАЕ, Саудиска Арабија, Еквадор, Аргентина, Велс, Белгија, Шпанија, Хондурас, Куракао, Алжир, Нов Зеланд, Италија, Кина, Перу, Австралија, Бразил, Полска, Германија, Уругвај, Мексико, Тунис, Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска, Ирска, Узбекистан, Јапонија, Исланд, Португалија, Колумбија, Швајцарија, Чиле, Гана, Египет, Хаити, ДР Конго, Иран, Турција, Ј.Кореја и Холандија.

Среќа што има уште многу години до СП 2026 година, затоа што, ако истото старуваше утре или за неколку месеци, репрезентативците на Македонија истото ќе го следеа од пред малите телевизиски екрани. Освен Македонија, со празни раце ќе останеа и репрезнтациите од поранешна Југославија, БИХ, Црна Гора, Србија, Словенија, како и нашите соседи, Бугарија, Грција, Албанија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари