Тиери Анти

На Лазаров му треба повеќе време за адаптација во Нант

Стратегот на францускиот ракометен тим Нант, Тиери Анти беше краток во своето видување за прикажаното на средбата против Вардар, а дефинитивно ќе има што да поправа во играта после овој дуел.

Тој упати пофални зборови за играта на актуелниот европски шампион, а наважно од се е тоа што кажа дека на најдобриот македонски ракометар во тимот на Нант, Кире Лазаров му е потребно повеќе време за да се вклопи во играта на тимот.

На Кире Лазаров му треба повеќе време да се воигра со тимот, бидејќи нашата игра е малку поинаква. Не е лесно да се менуваш во одбраната и нападот. Но, нема проблем, мислам дека тој ќе се вклопи во тимот, бидејќи тој е многу добар играч, изјави тренерот на Нант, Тиери Анти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари