Пријателски натпревар

МЗТ Скопје со сигурна победа против Левски

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа втората победа во низа во подготовките за новата натпреварувачка сезона, откако славеа на гостувањето во Бугарија кај екипата на Левски со 78:67

Најефикасен кај металците беше Џенсен со 20поени, Гарсија уфрли 14, а центарот Лалиќ, кој неодамна се втари во „гнездото“ на аеродромци постигна 11 коша.

Утре МЗТ Скопје ќе одигра уште еден меч против бугарски прволигаш и тоа од 18 часот против Лукоил Академик.

Поврзани

Најнови вести

Коментари