Суперлига - финале

МЗТ Скопје на победа до одбрана на титулата

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје, поведе со 2:1 во финалната серија во кошаркарската Суперлига, откако во СЦ „Јане Сандански“ го совлада тимот на Карпош соколи со 86:80 

„Металците“ сега се на една победа до одбрана на титулата, иако „соколите“ нема лесно да ја дадат победата во следниот дуел кој го игра на домашен терен, во „Борис Трајковски". Четвртиот натпревар од финалната серија се игра за два дена.

Најефикасни во таборот на МЗТ Скопје Аеродром беа Темс со 22 поени, Клоф со 21 и Дреновац со 20 поени. За Карпош Соколи најмногу поени реализира Пери (24), Мавра заврши со 20.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари