АБА лига

МЗТ Скопје ги пушти во продажба билетите за дуелот против Партизан

Цената на билетите ќе изнесува 100 денари, а ќе можат да се набават во билетарницата на спортскиот центар „Јане Сандански", или онлајн преку веб страницата www.ticketplus.mk

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, ги пушти во продажба влезниците за натпреварот против Партизан, мечот кој е во рамките од првото коло од новата сезона во АБА лигата. Пресметката е закажана а 29. септември во салата „Јане Сандански", со почеток од 20 часот.

Цената на билетите ќе изнесува 100 денари, а ќе можат да се набават во билетарницата на спортскиот центар „Јане Сандански", или онлајн преку веб страницата www.ticketplus.mk.

Поврзани

Најнови вести

Коментари