Тргна по стапките на легендите

Мурињо направи успех кој не е забележан цели 110 години

Она што е интересно е дека ова е прв пат Јунајтед да ја отвори сезоната со две победи со четири или повеќе голови на натпревар уште од сезоната 1907/08 или точно 110 години

Во првиот меч можеби малку нестабилно, но веќе во вториот многу моќно. Тоа е приказната за Манчестер Јунајтед на стартот од новата сеозна во англиската Премиер лига.

По победата од 4:0 над Вест Хем во првото коло, истиот резултат беше повторен и во мечот од втората рунда во англиската лига. Иако првото полувреме воопшто не најавуваше такво нешто, Јунајтед замина на одмор со 1:0, но со гол постигнат дури во последната 45. минута. Вистинскиот напаѓачки потенцијал на "црвените ѓаволи" беше презентиран од 80. до 84. минута кога Лукаку, Погба и Марсијал постигнаа уште три погодоци за идентичен триумф како тој од пред една недела пред седум дена на „Олд Трафорд".

Она што е интересно е дека ова е прв пат Јунајтед да ја отвори сезоната со две победи со четири или повеќе голови на натпревар уште од сезоната 1907/08 или точно 110 години.

Дел од заслугите воедно одат и кај менаџерот Жозе Мурињо, кој неодамна истакна дека сака да влезе во легендите на клубот, како Сер Алекс Фергусон, па можеби ова почеток на патот кон такво нешто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари