Тенис

Мугуруза визираше за Сингапур

Светскиот тениски рекет број еден, Шпанката Гарбине Мугуруза, стана првата тенисерка која го запечати местото на ВТА финалето во Сингапур, каде што ќе играат најдобрите осум во 2017 година

Ова ќе биде четврти настап за Шпанката во четвртото издание на турнирот во Сингапур, откако дебитираше со настап во двојки во 2014 година. Во 2015 година таа играше во сингл и во двојки и стиган до финалето, додека лани играше само во сингл.

-Секоја сезона една од главните цели е да се квалификувам за Сингапур, бидејќи тоа е најголемиот доказ дека си меѓу најдобрите осум тенисерки на светот. Имам прекрасни сеќавања од градот и се надевам дека првпат ќе ја освојам титулата, вели Мугуруза.

ВТА-финалето, завршниот турнир на годината се одржува од 22 до 29 октомври. Турнирот „тежи" 7 милиони долари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари