Кончита Мартинез

Мугуруза ќе биде број еден

Легендарната шпанска тенисерка Кончита Мартинез, изјави дека нејзината сонародничка и освојувачка на Вомблдон, Гарбине Мугуруза, може да биде прва светски рекет. Мугуруза во финалето на најстариот грен слем турнир ја совлада Американката Венус Вилијамс со 7:5, 6:0 и ја освои својата втора грен слем титула во кариерата.

-Има потенцијал и може да осови уште многу титули. Задоволна е од својата игра. Ја победи најдобрата на светот – Анџелика Кербер и може да оди до крај, изјави Мартинез, која го осови Вимблдон во 1994 година.

Пред почетокот на Вимблдон, Мугуруза беше на 15. место на светот, а во Лондон, меѓу останатите ја победи Кербер во осоминафиналето.

Поврзани

Најнови вести

Коментари