Аранча Санчез Викарио конечно призна

Моника Селеш беше подобра тенисерка од Штефи Граф

Легендарната шпанска тенисерка Аранча Санчез Викарио, која играше во ерата на Штефи Граф и Моника Селеш, вели дека Американаката Серена Вилијамс е најдбора тенисерка на сите времиња.

-Мислам дека Серена го докажа тоа со нејзината константност на врвот на АТП листата. Таа доминира во светскиот тенис повеќе од десет години и е фаворит на секј турнир шро ќе се појави. Мислам дека со право може да биде прогласена за најдобра тенисерка на сите времиња, изјави 45 – годишната Аранча Санчез, освoјувачка на четири грен слем титули.

Серена ја престигна Штефи Граф по бројот на грен слем титули, сега има 23, една повеќе од Германката. Но, Аранча вели дека за неа Моника Селеш, била најголем проблем, бидејќи загуби 19 од 22 натпревари.

-Против неа секогаш ми беше најтешко, а дополнителен предизвик ми беше тоа што бевме на иста возраст. Секогаш морав да дадам се од себе за да ја победам, а таа никогаш не се откажуваше. Таа беше најдобрата тенисерка против која што сум играла, изјави Санчез и ја покачи Штефи Граф, која ја доби само осум пати во 36 дуели.

Селеш освои девет грен слем титули, но мораше предвреме да се повлече, бидејќи беше прободена од еден навивач на Германката на турнирот во Хамбург.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари