Никола Пилиќ

Многу грешат тие што мислат дека на Ѓоковиќ му дошол крајот

Светскиот тениски рект број два, Србинот новак Ѓоковиќ на трет турнир по ред испадна пред поуфинале. По разачарувачкиот настап на Австралија опен, следеше елиминација во раната фаза на турнирите во Акапулко и Индојан Велс, а "џелатот" беше контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос.

Поради ваквите резултати на поранешниот светски тениски рекет број еден, многумина почнаа да шпекулираат дека му е дојден крајот на српскиот тенисер. Со ови шпекулаци не се сложива познатиот тренер Никола Пилиќ.

-Ѓоковиќ имаше фантастична сезона до Ролан Гарос, минатата година, период до кој ги освои сите турнири на кој настапи. Одигра феноменално на сите турнири од Австралија опен до Индијан Велс и Мајами, до Рим и Париз. Мислам дека тоа никој нема да го повтори, стигна до 16.950 бодови на АТП пто не му се случило на никого, изјави Пилиќ и додаде:

-Факт е дека Новак повеќе ја нема големата самодоверба, не е ни блиску до онаа самодоверба која ја имаше до почетокот на новата сезона. Кирјос едноставно не му одговара, односно не му одоговараат тенисери кои имаат само силен сервис и основни удари. Но, тој се уште е еден од најдобрите и тврдам дека грешат тие кои мислат дека на Новак му се ближи крајот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари