Скандал во Германија

ММА борец нокаутираше судијата (ВИДЕО)

Во Германија се одржа ММА настан на промоцијата Агрелин (број 19), на кој се случи многу лош инцидент во мечот помеѓу Црногорецот Нихад Насуфовиќ и Вилхајм Ото. Поточно, инцидентот се случи по мечот во кој Насуфовиќ го фати Оти со давење од позади и го присили на тапкање.

Судијата во рингот Небил Себаи во истиот момент не го прекина мечот, туку Насуфовиќ сам гу пушти давењето. Бесниот Австриец Ото стана на нозе, прво го турна судијата, а потоа го погоди со десно кроше пред да го спречат другите да го продолжи овој исклучително грд напад врз судијата во кафезот.
Интересно е што судијата е сонародник на Ото, Австриец од Виена, додека ММА борецот е родум од Линц. Небил Себаи е исто така главен тренер во веројатно најуспешниот австриски ММА џим – Џим 23. Пред само неколку дена тој беше во аголот на австриско-српскиот борец Александар Ракиќ во неговиот голем MMA деби во Ротердам.

Поврзани

Најнови вести

Коментари