МКФ домаќин на јуниорско Европско првенство

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и в година ќе биде организатор на едно младинско првенство, одлучи Централниот одбор на ФИБА, на седницата што се одржа во саботата.

МКФ ја доби довербата од ФИБА за организација на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б).

Првенството ќе се одржува во Скопје во периодот од 27 јули до 5 август.

МКФ извести дека женската кадетска репрезентација ќе се натпреварува на шампионатот што ќе се одржи во Подгорица од 16 до 25 август, а кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б), кое ќе биде организирано во Сараево од 9 до 18 август.

Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13 јули до 22 јули.

фото/mkf/mk

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари