БАРСЕЛОНА НЕ ПОПУШТА

Милиони и Ракитиќ за Верати

Поранешниот фудбалер на Пескара не крие дека сака својата кариера да ја продолжи на "Ноу Камп", но тешко дека ќе го добие потребното зелено светло за да ја промени клупската средина

Каталонскиот гигант Барселона не се откажува од намерата да ги осигура услугите на италијанскиот интернационалец од редовите на вицешампионот на Франција, тимот на ПСЖ, Марко Верати.

Челниците на Барселона се подготвени да одвојат околу 65 мил. евра за услугите на одличниот играч за врска, но се подготвени во обратната насока да го испратат и хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ.

Поранешниот фудбалер на Пескара не крие дека сака својата кариера да ја продолжи на "Ноу Камп", но тешко дека ќе го добие потребното зелено светло за да ја промени клупската средина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари