Мичел педер... навреди во Барцелона

Мичел имаше големи жалби за арбитражата на Фуертес со оглед на тоа што Барселона постигна нерегуларен гол на мечот кој се одигра во саботата, а сега шпанските медиуми ни доловуваат дека поранешниот играч на Реал Мадррид имал проблеми и со навивачите на „Камп Ноу".

Тренерот на Малага е познат по своето минато во шпанската престолнина како играч на најлутиот ривал на Барселона, па поради тоа не доби баш пријатни зборови од фановите кога силно протестираше за одлуките на судијата, особено кога топката излезе половина метро од границите на игралиштето, а притоа голот на Деулофеу беше погласен за важечки.

Специјализираните шпански емисии сега открија дека Мичел имал еден необичен монолог наменет кон помошник судијата, од кого побарра да го прекине мечот за хомофобските навреди кои ги добиваше од навивачите на Барса.

– Судија, прекини го мечот. Ме нарекуваат „педер"! Тоа нема да го кажеш..., – му порача Мичел на линискиот судија кој всушност беше главен виновник за голот на Барса кој мораше да биде поништен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари