ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 1/8 ФИНАЛЕ (ПРВ НАТПРЕВАР)

Меси нема да ја види Македонија и Скопје

Најголем удел во понижувањето на каталонскиот гигант имаше поранешниот фудбалер на Реал (М), Анхел ди Марија, кој маестралната партија ја круниса со два погодока, а во листата на стрелци се запишаа и Единсон Кавани и Џулијан Дрекслер

Катастрофа, понижени, отказ за Енрике, каде е Меси, го допреа дното... се само дел од насловите во шпанските и светските медиуми, кои на најдобар можен начин го опишуваат тоа што му се случи на каталонскиот гигант Барселона во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, каде за противник го имаа најдоброто од Франција, тимот на ПСЖ.

Фудбалската рапсодија која ја презентираа избраниците на Унаи Емери во сите 90 минути, сосема заслужено беше наградена со историски триумф од 4:0.

Најголем удел во понижувањето на каталонскиот гигант имаше поранешниот фудбалер на Реал (М), Анхел ди Марија, кој маестралната партија ја круниса со два погодока, а во листата на стрелци се запишаа и Единсон Кавани и Џулијан Дрекслер.

За очајната игра на Барса говори и фактот дека избраниците на Луис Енрике упатија само еден директен удар кон противничкиот гол, кој не беше дело ниту на Лионел Меси, ниту на Луис Суарез.

Ривалот беше супериорен од нас во сите елементи. Тоа беше видливо од првата минута, беа подобри со и без топка и мора да признаеме дека бевме инфериорни. Имаше неколку фази во мечот. Многу лошо почнавме, имавме еден позитивен момент, но без зрели шанси. Сепак тие беа конкретни, постигнуваа голови навреме и нивните контранапади не убија. По 2:0 на полувреме разговаравме дека резултатот е лош и мора да реагираме. Но, наместо тоа во вториот дел ги зголемивме грешките и загубивме на тежок и за нас непрепознатлив начин. Не можам да речем дека не изненадија, разговаравме за нивните одлични инвидуалци и контранападот, но работите на теренот покажаа нешто сосема друго, изјави предводникот на Барса, Луис Енрике.

Минимална, но злато вредна победа во првиот 1/8 финален дуел против германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, забележа актуелниот шампион на Португалија, тимот на Бенфика.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 48 минута, беше дело на грчкиот интернационалец, Константинос Митроглу, а во 58 минута, напаѓачот на Борусија, Пјер-Емерик Обамејанг, промаши удар од белата точка.

Комплициран резултат, но горд сум на прикажаната игра. Постои разочарување, но одигравме фантастично. Тоа е можно само во фудбалскиот свет, да одиграш одлично и да загубиш. За среќа, има и реванш-натпревар. Не нападнаа после паузата, а ние не бевме подготвени, изјави предводникот на Борусија, Томас Тухел.

Поврзани

Најнови вести

Коментари